Пита со печурки

За да го подготвите овој вкусен рецепт, потребни ви се следниве состојки:

500 г. печурки

2 моркови

1 главица кромид

сол

бибер

сув зачин од билки

1 пакување лиснато тесто

Подготовка:

1. Исецкајте ги кромидот, морковите и печурките на коцки. Издинсајте го сето тоа на масло, и зачинете по вкус.

1

2. Лиснатото тесто растегнете го и исечете го на осум еднакви коцки.

2

3. Филувајте ги коцките со печурките и преклопете од двете страни како на сликата. Притиснете ги краевите за да не испадне филот.

3

4. Печете во рерна околу половина час. Прво на 250 степени додека тестото не започне да се подигнува, а потоа намалете на 220 степени.

4

Добар апетит!

Совет: Питата може да биде со сè што ќе посакате, а во печурките можете да додадете и павлака за помрсна комбинација.

- Реклама -