Писториус: Военопоморската мисија во Црвеното Море е „најопасната“ во последните децении

Планираното распоредување на германска фрегата во Црвеното Море е една од најопасните германски поморски мисии во последните децении, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис за време на посета на брод на островот Крит, цитиран од ДПА.

„Распоредувањето на силите, кои се дел од поморската мисија на ЕУ за заштита на товарните бродови од Хутите во Црвеното Море, е знак дека Германија ја презема меѓународна одговорност“, рече Писториус.

„Не претерувам кога велам дека ова е најсериозното, најопасното распоредување на поморските сили во последните децении. Станува збор за заштита на меѓународното право, слободата и безбедноста на море, но и за стабилизирање на трговските маршрути и на целиот регион“, објасни Писториус.

Прочитајте и:  Синвар: Хамас е подготвен за долга војна на исцрпување

Бунтовниците Хути од Јемен напаѓаат бродови во регионот во знак на солидарност со Палестинците поради војната на Израел врз радикалната група „Хамас“, кој започна пред неколку месеци на периферијата на Газа.

Писториус не ја исклучи можноста за директен напад на Хутите врз германска фрегата. Во исто време, тој подвлече дека тоа е одбранбена операција.

„Ние пловиме со фрегати за да ги одвратиме нападите од беспилотни летала, ракети и се друго што може да се користи против бродовите што минуваат“, додаде Писториус.

- Реклама -