Писториус – виновен за убиство со умисла

Оскар Писториус e виновен за убиство со умисла. Ова е пресудата против параолимпиецот на второто судење, побарано од Врховниот апелационен суд на Јужноафриканската Република.

Пред една година Писториус беше осуден на пет години затвор со пониски квалификации на делото – убиство од небрежност.

Писториус беше даден на суд откако ја застрела девојката Рив Стијнкамп во тоалетот во станот на 14 февруари 2013 година.

pistorius-ubistvo

Судијата Лоример Лич рече дека откако Писториус снабдил оружје од висок калибар, тој требало да има во предвиди дека кој и да се наоѓал зад вратата на тоалетот, ќе бил убиен на лице место.

Случајот ќе се врати на суд од понизок степен, за да се преиспита казната за кривичното дело на спортистот.

Писториус беше ослободен во домашен притвор во октомври, откако одлежа 1/5 од првичната казна и прифати општествено корисна работа. Сè уште не е јасно дали тој ќе биде вратен во затвор веднаш или ќе му биде дозволено да остане со мерка за притвор, додека не ја добие конечната пресуда во однос на издржување на казната.

- Реклама -