Писториус: Русите прислушувале воена телеконференција преку интернет во хотел

Русите пресретнале телеконференција на офицери на германската армија, очигледно со пристап до интернет мрежата во хотелот, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Писториус на прес-конференција во Берлин изјави дека инцидентот со прислушувањето се случил додека еден од воените офицери бил во посета на Сингапур и се приклучил на телеконференција од хотелска соба.

Тој нагласи дека комуникациските системи не се загрозени и додаде дека истражителите не откриле безбедносни пропусти во воените комуникациски системи или сервери за податоци.

„Телеконференцијата меѓу офицерите на воздухопловните сили можеше да биде прислушувана поради поединечна грешка. Сите учесници не ја следеа процедурата како што е пропишано. Според досегашните сознанија, учесникот во Сингапур бил поврзан преку неовластена врска”, рече Писториус.

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)

Тој рече дека, според првичната истрага, воениот офицер се приклучил на телеконференцијата преку необезбедени линии за податоци, јавна интернет конекција на хотелот или мобилна комуникациска мрежа, која била пресретната од Русите.

Германската Влада се најде под огромен притисок по скандалот со прислушувањето, бидејќи минатата недела во руските медиуми беше пресретната и објавена дискусија на германски воени офицери за војната во Украина.

- Реклама -