Полицијата во Јужна Африка пронашла во куќата на параолимпиецот Оскар Писториус, кој е обвинет за убиство на својата девојка Рива Стенкамп, стероиди и крвава палка за крикет, пренесуваат англиските медиуми.
Писториус мора да направи тестови затоа што постои сомневање дека во напад на бес и под дејство на стероиди ја нападнал девојката.
Стенкамп беше убиена во четвртокот во куќата на Писториус во предградието Преторија со четири куршуми во глава и еден во рака. Според првичните информации, славниот алтетичар пукал во девојката која сакала да го изненади за Денот на вљубените, мислејќи дека е провалник.
Против јужноафриканскиот параолимпиец е покренато обвинение и ќе остане во притвор до утре кога ќе се одржи сослушувањето.