Писториус обвинет за убиство!

Јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус е обвинет за убиство на својата девојка Рива Стенкамп.

Јавниот обвинител во Преторија, Гери Нел, рекол дека Писториус тој ден станал од спиење, ги ставил протезите на нозете, поминал седум метри од спалната соба до тоалетот и тука со неколку куршуми ја убил девојката. Нел додал дека вратата од тоалетот била дополнително провалена.

Oscar-Pistorius2_480x360

„Сѐ било испланирано. Зошто провалник би се заклучил во тоалет“, прашал Нел.

Адвокатот на Писториус, Бери Ру, останал до тврдењето дека неговиот клиент случајно ја убил девојката, мислејќи дека е провалник.

Oscar Pistorius -1709686

„Тврдиме дека не се работи за убиство“, рекол Ру. Тој побарал од судот Писториус да биде пуштен со кауција и да се брани од слобода.

Некои од доказите укажуваат дека, како што тврдат извори од полицијата, Писториус со првиот куршум ја застрелал Рива во дневната соба во која била најдена и крвавата палка. Рива потоа избегала ранета во тоалетот и се заклучила, но куршумите низ вратата биле кобни за неа, додека се обидела да се заштити со рацете. На едната дланка имала прострелна рана.

article-2280929-17AC2B4B000005DC-465_634x469

Додека се одвивало судењето, телото на убиената Стенкамп било пренесено во црквата во Порт Елизабет. Мајката на убиената Џин Стенкамп рекла дека семејството сака одговори.

„Зошто тоа и се случи на мојата мала девојка? Зошто го направи тоа?“, прашала несреќната мајка во интервју за „Times“.

 

- Реклама -