Јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Пистроус ја убил девојката затоа што била бремена од друг.Како што објави американскиот таблоид „National Enquirer“, Рива Стенкамп наводно била бремена од нејзиното поранешно момче, рагбистот Франсоа Хјугард.
Повикувјаќи се на добро известени извори, „National Enquirer“ пишува дека Стенкамп му признала на Писториус дека е бремена, а тоа кај него предизвикало напад на гнев и љубомора.
Одбраната на Писториус, но и самиот тој не сакале да дадат коментар на тврдењата на таблоидот.
Атлетичарот рекол дека сака да организира комеморација за Рива која би требало да се одржи во Преторија во куќата на неговиот чичко Арнолд каде што во моментов живее.
Рива Стенкамп, дипломиран правник и модел, беше кремирана во јужноафриканскиот град Порт Елизабет, пред една недела. Таа беше пронајдена застрелана во заедничкиот дом во Преторија, а Писториус е обвинет за убиство со предумисла. Тој беше ослободен со кауција и сега се брани од слобода.