Писмо до шефицата

Порака како оваа несомнено ќе ви донесе отказ, но сеедно, овој лут работник без двоумење ја напишал.

Кога на Џо Блум му завршила ноќната смена на бензинската пумпа во Вест Мичиген, неговата шефица не се појавила за да го замени, како што требало да се случи. Откако чекал повеќе од еден час, Блум заклучил и заминал дома, оставајќи и писмо за кое претпоставувал дека ќе добие отказ.

y6lb5lcgmlddhvzzdzdl[1]

„Шефице, научи да доаѓаш на време или барем да се јавиш кога доцниш. 1 час и повеќе без телефонски повик е неприфатливо. како што можеш да видиш, вратите се заклучени. Си заминав дома. Отпушти ме ако мораш, ама знај дека си заминав заради твојата негрижа“.

Да, Џо добил отказ, но не пред некој да ја забележи пораката и да ја објави на reddit.com, каде што стана прилично популарна преку викендот.

Шефицата била приморана да признае дека доцнела спорното утро, но се правдала дека Блум воопшто не и се јавил. „А зошто очекувала некој да и се јави кога таа е онаа што доцни? Тоа само покажува колку е способна“, вели еден од коментарите.

„Ми се смачи веќе од тамошната непрофесионална атмосфера и сета таа неодговорност. Особено што секогаш на крајот јас излегував виновен“, вели Блум.

Како и да е, тој очекува дека новостекнатата интернет популарност ќе му донесе далеку подобра работа, а судејќи по минатото, има добри шанси.

- Реклама -