Писмо од мајката на лошото дете во паркот

kid

Карен Алперт била во парк со синовите. Додека едниот од нив плачел, таа не видела што се случува на другата страна на паркот, кај лизгалката. Таму, нејзиниот друг син се обидувал да се качи на лизгалката, кога една жена почнала да му вика со висок тон. Карен ѝ одговори во отворено писмо (на Фејсбук де):

„Драга непозната жено која го дисциплинираше моето дете денес во паркот,

Да расчистиме нешто. Денес, вашата ќерка сакала да се спушти низ лизгалката? Океј, сфаќам. И мојов клинец исто така сакал да се лизга? Нормално. Е сега, со оглед на тоа дека вашата ќерка била аматер во ова и ѝ требало цела вечност да се качи, а понекогаш и застанувала на пола качување, мојот син немал друг избор освен да ја помине и понекогаш да ја турне, па таа да падне и да стане чувствителна и да почне да плаче? Хммм… Океј.

Сега, пред да почнам, само сакам да кажам дека знам дека требаше да бидам таму кога ова се случувало, но за жал, бев на другата страна на паркот со својот друг син, кој плачеше. Така да, не, не бев тука, но дали тоа ви дава за право да го дисциплинирате мојот син? Дали вам тоа ви дава право да го повишите тонот додека му се обраќате и да му кажувате да престане? Дали вам тоа ви дава право да се однесувате како лице кое е главно кога е во прашање МОЕ дете?

Да! Ви дава за право!

Не стигнав да ви го кажам ова денес, ама ВИ БЛАГОДАРАМ. Кога моето дете се однесува ужасно, а јас не сум во близина од било која причина, имате моја дозвола да му кажете да престане! Не велам дека имате право да го допирате на било кој начин или да му викате неконтролирано (само јас смеам тоа), ама ве молам имајте ја таа слобода да му кажете да престане да биде таков и да го почека својот ред. Или ако се пентари наопаку по лизгалката. Или ако гаѓа со камчиња. Или ако зборува безобразни зборови. Или ако се однесува како силеџија. Или ако прави било што што некому му пречи.

Бидејќи иако не сте негов родител, вие сте возрасна личност. Тоа значи дека сте попаметни од него. Претпоставувам дека има родители кои би биле бесни ако некој непознат повиши глас на нивното дете. Не и јас!

Жал ми е што не бев тука да си ја обавам мојата работа и ви благодарам што го направивте тоа во мое име

Искрено, мајката на ‘она’ дете“.

- Реклама -