„Нашето 9-месечно кученце почина денес, од дегенеративна мозочна болест“, пишува Стефани Јарстад.
„Некои од нашите најубави спомени беа шетање низ шумите. Не знам дали има рај за кученца, ама се надевам дека изгледа вака“. Алудира на фото-серијата и видеото во продолжение, кое ги создале една недела пред Kolohe да им почине, кога веќе се знаело дека се ближи крајот.
„Ја создадовме оваа фото-серија за ние лично да можеме да ја преживееме поразителната загуба и тоа што мораме да се простиме од нашиот Kolohe толку брзо. Ја споделувам за да ги утешам и другите кои се во позиција да му кажат збогум на нивниот четириножен најдобар пријател. Никогаш нема доволно време“.
Во продолжение, нејзиното писмо до нивното омилено хаски.
„Ти се роди истата недела кога јас и Мајкл се венчавме. Со нетрпение го очекувавме твоето пристигнување, изгледаше како цела вечност. Еве неколку нешта што никогаш не ти ги кажав.
Бев загрижена околу тоа да земеме хаски, бидејќи знаев колку многу вежбање и трчање ти треба, и се прашував дали ќе можам да бидам достојна на задачата.
Ти ме натера да трчам и тоа стана нашето најповрзувачко искуство. Ја планирав мојата недела околу деновите во кои можев да те носам во паркот. Да те гледам како се бориш и бркаш со твоите кучиња пријатели ми беа најубавите моменти во неделата.
Бев загрижена кога дознавме дека ќе бидеш волнесто хаски, бидејќи значеше дека ќе собирам со правосмукалка зад секој твој чекор.
Тоа набрзо ми стана омиленото нешто кај тебе. Да те гушкам тебе беше како да гушкам облаче. Ти си најмеката перница. Ти благодарам што ги впиваше сите мои солзи со твоето неверојатно крзно.
Бев нервозна околу тоа да земеме куче во практично првата секунда откако се венчавме. Се прашував дали можеби прво треба убаво да се сместиме во оваа нова етапа од животот, само јас и Мајкл, барем на почеток.
Сега не можам да замислам да почневме без тебе. Се зближивме како пар во својот восхит за нашето слатко кученце. Ни ги осветли животите и не можеме да го замислиме животот без тебе во него.
Бев загрижена дека ќе бидеш едно од оние немирни, типично тврдоглави хаски-ја. Па, не дека не беше. Хаскито што ни ја ископа барата и потоа избега во двојот кај комшијата, е тоа истото хаски што го натера ветеринарот да нé праша дали хаскито ни е расипано, бидејќи беше така послушно куче.
Бев исплашена да те сакам толку длабоко и еден ден да морам да се соочам со убиствената судбина на тоа да ти речам збогум.
Тој некој ден дојде премногу рано. Сé уште сум во тотална неверица дека треба да се разделам од моето 9-месечно кученце. Те гледав како порасна 15 години во две недели.
Би ти ги чистела сите бељи 15 години, ако тоа беше проблемот. 15 години ќе те ранев од рака со варено пилешко за да ти го подобрам апетитот, ако тоа беше проблемот. 15 години ќе бев твој човечки водич за слепи кучиња за да ти помогнам околу слепилото, ако тоа беше проблемот.
Ќе се грижев за тебе 15 години кога имаше напади, ако тоа беше проблемот. Ќе ти ја држев чинијата со вода додека пиеш 15 години, ако тоа беше проблемот. Ќе ти бев уши 15 години кога ќе станеше потполно глуво, ако тоа беше проблемот. Ќе ти ги кревав задните нозе кога беше премногу слабо да се качиш по скали 15 години, ако тоа беше проблемот.
Ти се справуваше со сето ова И дегенеративен мозок кој толку брзо ми те зема од нас.
Посакувам да ти ја избришам болката и да те задржам тука со нас. Дали тоа значи 9 месеци или 9 години, сé би направила исто одново, само да можеш пак да живееш со нас.
Посакувам да можеше да ги сретнеш нашите идни бебиња и да им ги лижеш дебелите обравчиња. Посакувам да го видеше својот прв Божиќ, твојот прв снег, твојот прв роденден.
Многу те сакаме, Kolohe, и неизмерно сме среќни што можевме да те викаме наш. RIP 19.03.2017 – 19.12.2017“