ПИСМО ДО ДРУГАРЧЕТО У ЛОНДОН

578438_638_365Веќе 5 ти ден истура во Скопје. 5 дена неаме видено сонце, како да сме фрлени у некоја дупка брааат. У секој момент очекуваме да не нападнат тоа мрачните сили. Црни клетии се надвиснале над нашите судбини брат, те странски амбасади, те платени новинари, те евтини курви кои си заминаа од овде и се омажија во белиот свет. Не сакаат да родат дете овде предавничките. Поарно им е да се напупат на некој шеик катарски и мали арапи да раќаат. Се е против нас брат. За среќа имаме влада која не брани од сите овие лоши работи кои ни се накомија. Кај да е еве чекаме Европа да се распадне, Грција да ја акне цунами и ние да излеземе на море конечно…

Како е кај тебе у Лондон пријателче? Овде почнаа да растат и палми а зградите ни добија бели фасади. Се е бело иако снег со години не сме виделе. Бели мостови, бели згради, бели цареви на плоштад. Имаме и бродови во Вардар. До душа никаде не пловат, али фино изгледаат онака. Иаме и опозоција која сака да не врати у минатото. Хоштаплери некои брат, платени од запад да ни го уништат просперитетот. На вести кажаа дека сите амбасади у земјава ни биле непријатели. Грците не блокираат у Европа, Бугарите ни ја негираат историјата а Албанците на глава ни се качија со тоа орлите. Среќа, Србија си ја иаме за сојузник. Читав у новини, сакале тоа браќата да го направат оној пловниот систем Морава-Вардар. Ете им шанса на браќата да се поврзат водно со Грција. Ете им шанса и на нашите бродови да станат пловни. Читав и дека ќе изграделе пруга према Бугарија. 100 години немаме пруга кон Бугарија и кон Албанија брат, ама еве сега ќе ја изградат. Ама се си мислам дека оној пловакот Вардар-Морава ќе го напраат побрзо. Ќе си идеме на гости кај браќата со чамци. Кога ќе ги акне нив поплава, ние водата и лајната тука ќе им ги прибереме. Нели сме браќа и нели не учеа образот да го вртиме ко ќе ни влепат шамар?

Како е кај тебе у Лондон брат? Има ли жени као овде, кои прво ти ја вадат маста низ муда а после те прашуваат кој си и што си? Некад бараа пари, клучеви од стан, статус и репутација пред да те однесат у кревет. Сега се толку очајни и бедни за теслачење што се у стање и со куќниот љубимац да се опнат. Не им замеравам. Под стрес се. Пола мужи се изфеминизирани, добар дел се оженети а добар дел се иселија од земјава. Веќе не им е ни битен ни начинот на сопнување. И така со спуштени гаќи да си легнат на асфалт, тешко дека некој ќе ги напупи. Ебарниците у градов се празни али кладилниците се полни. Смрди на мишка и на голем заговор дека пола утакмици се наместени. Дај брат ко ќе начуеш нешто од тоа бубмејкерите на Вилијам Хил, јави некоја дојава, да опнеме некое пеевче и да згргаме некои 200-300 евра. Колку да има за одмор бе брат.

И обавезно брат да ми земеш за наваму еден дрес од Челзи. Слушам сеа ЛГБТ здружението во Лондон отворено застанеле да го бодрат овој клуб. Ако има дресови, глеј со тоа логото да не е на него, знаеш, кој ќе ги слуша овде овие, педер си, ваков си онаков си…Челзи си го поштуем одамна брат.Опни еден поздрав од Биг Бен со знамето наше од Кутлеш брат и внимавај коа шеташ низ Западен Лондон, гадни хулигани се шлаат у тој крај. И поздрави натаму. Јави им на сите дека ние сме овде браникот на Европа. Земјата у која Апостол Павле почнал да го шири христијанството. Со историја пишана на камен, можеме да го нараниме цел свет. Ама уште не научиле камења да јадат лудаците….

НАПИША: БУЛЕВАРКО

- Реклама -