Писмо до мојата ќерка

Драга моја ќерко,
Колку брзо лета времето …

Како да беше вчера, кога се појави на овој свет. Го паметам  моментот кога те погледнав за прв пат – да знаеш само како ми чукаше срцето … Како те држев во рацете, ти беше толку мала и кревка, а толку прекрасна и совршена.

Се сеќавам како растеше со секој изминат ден, првиот твој збoр, првите твои чекори, првиот ден на училиште.

Да, ќерко, времето лета многу брзо. Ти растеш пред моите очи, но за мене секогаш ќе останеш мојата мала ќерка.

Душо моја, има толку работи кои сакам да ги споделам со тебе денес. Работи кои можеби сум пропуштила да ти ги кажам, а требало … Но никогаш не е доцна, нели?

Ти си уште млада, животот е пред тебе, а човекот учи додека е жив. Затоа, те молам, прочитај ги овие редови, кои ги пишувам со растреперена рака и се присетувам.

Сакам да можеш кога одиш сама по патеката на животот, без мене (иако јас секогаш ќе бидам  тука, до тебе), да знаеш како да се справиш со сите предизвици кои ти претстојат.

Да започнеш со тоа дека секогаш треба да бидеш своја и да го правиш она што ти го налага срцето.

Ти, ќерко, си прекрасна, уникатна, единствена! Не се менувај, не се обидувај да личиш на некој друг, секогаш биди ти!

Ќе видиш дека светот е како еден маскенбал и многу луѓе околу тебе вечно ќе ги менуваат маските … Не биди како нив!

И знај дека нема сите да те молат и тоа е нешто сосема нормално. Никој не е совршен!

Но имај на ум, ќерко, дека оние кои ќе останат крај тебе, поради тоа што си, и покрај тоа што си, овие луѓе те сакаат вистински! Чувај ги добро.

Светот е убаво место, но често се случува да се судриш со грозни работи и со сурови луѓе. Нека не те прави тоа тажна, не дозволувај да да те разочара. Подготви се, ќерко, дека животот нема да биде како бајка, но сепак ќе биде твојот живот и само ти можеш да го направиш убав!

Не дозволувај негативните луѓе или мисли да ти влијаат. Изборот меѓу тоа да бидеш оптимист или песимист ќе остане само твој! Сигурна сум, драга моја, дека ќе донесеш мудра одлука.

Расположи се! Никогаш не ја симнувај насмевката од твоето лице, нека биде твоето оружје! Насмевката е заразна, па биди нејзин преносител!

0697550001433240166_0

Верувај во себе, мала моја! Никогаш не се откажувај од целите и соништата и запомни: нема невозможни нешта!

Ќе ти биде тешко, понекогаш ќе се умориш, ќе сакаш да се предадеш, но немој! Верувај во себе, дури и тогаш кога никој друг нема да верува и бори се до крај! Животот не е за страшливците, туку за храбрите.

Ризикувај, обидувај се, види што значи неуспех, падни, но потоа стани, исчисти се,  стави насмевка на лицето и продолжи храбро напред!

Сигурна сум прекрасна моја, дека ќе го постигнеш она што го сакаш, бидејќи она што те научив е дека смислата на животот е да ги направиш работите кои луѓето ти велат дека не можеш да ги достигнеш.
Бидејќи ти можеш, треба само да посакаш!

И конечно, мое дете, но не на последно место, ќе ти кажам некои работи за љубовта.
Таа постои,  таа е насекаде околу нас. Најди ја прегрни ја, не ја испуштај, чувај ја! Зашто нема ништо поубаво од тоа да сакаш и да бидеш сакан.

Но, пред да ја откриеш, ќерко, знај дека многу пати ќе те удри, ќе те повреди, ќе те расплака. Поплачи си, мила, пострадај, но не повеќе од 3 дена. За маж се страда толку, повеќе не заслужува. Штом те расплакал толку долго, тоа значи дека не е твојот човек.

Бидејќи твојот маж треба да те тера да леташ, да се смееш без причина, да остануваш без зборови, иако ќе сакаш да кажеш толку многу нешта.

Тој ќе те растреперува само со еден допир и ќе те грее само со поглед. Тој ќе се појави, ќерко, некој ден ќе дојде кај тебе! Биди трпелива, чекај го, не очајувај!

Може да поминат многу години, многу несреќни љубови, многу разделби, но тоа е животот.
Сака да пробаш од сè, да видиш сè, да пораснеш и да научиш да го разликуваш вистинското од лажното …
И тогаш, ќерко, заљуби се – лудо, неразумно, глупаво, до болка! Но заљуби се во оној кој нема да те сака со зборови, туку со активности,  нема да те гледа со очите, туку со срцето, нема да прегрнува со рацете, туку со душата!

Не плаши се, љубовта не е страшна, таа е прекрасна!

Љубовта е радост, но и болка, таа е среќа, но и компромис, саможртва, но вреди!

Таа е да споделуваш и добро и зло … и радост, и болка .. и здравје, и болест … и богатство, и сиромаштија … и така до крајот на животот!

Те сакам,

Твојата мајка

- Реклама -