Здраво. Не сме се виделе одамна. Единствено ѕвездите ја слушаат твојата смеа. Се надевам дека си добро. Не си пораснал. И уште имаш роза и овца.
Ние тука наместо ѕвезди броиме монети. Фенерите згаснаа. Не светат, а пак Земјата … полека се врти.
И зајдисонцата доаѓаат многу ретко, а луѓето се тажни суштества. Но секој си е крал (барем за кратко) во царството на својата осаменост.
Пиеме горчина… Можеби од срам … Едно големо земно затемнување се гледа сигурно од вашата ѕвезда.
Нашите срца се слепи. Многу слепи. (Зошто тогаш имаме очи?) Штом нема како да го видиме со срцето своето битие … И така … молчиме …)
Ги скротуваме чувствата, додека бојата на житото останува неразбрана.
Автор: Caribiana