Ајнштајн ја исмева идејата за „божји избран народ“ во писмо понудено на eBay

Вчера (8 октомври) беше отворена eBay аукција за оригинално писмо, рачно напишано од Алберт Ајнштајн во кое тој го искажува својот став за постоењето на господ. Само десет минути подоцна беше направена првата понуда со почетната цена – 3 милиони долари.

Во писмото Ајнштанј вели дека верувањето во религии и богови се „доста детинести“ и ја исмева идејата дека Евреите се избран народ. „Ова е најзначајното и најисториско парче кое го имаме понудено за продажба на eBay“ изјавил Ерик Газин, претседател на Auction Cause, агенцијата која раководи со продажбата.

„Возбудени сме што можеме да ѝ понудиме на личност или организација шанса да поседува еден од најинтригантните документи на дваесетиот век. Личното писмо на Ајнштајн претставува нексус на наука, теологија, разум и култура.“ Писмото било упатено до еврејскиот филозоф Ерик Б. Гуткинд и било напишано на 3 јануари, 1954 година, една година пред смртта на Ајнштајн и било одговор на книгата на Гуткинд „Избери живот: Библиски повик на Отпор“.

Во писмото тој пишува: „За мене еврејската религија, како и сите други религии е инкарнација на најдетските суеверија. А еврејскиот народ на кој со задоволство му припаѓам за мене нема никаков посбен квалитет од другите луѓе. Во мое искуство тие не се ни подобри од другите човечки групи, иако се заштитени од најлошото поради недостиг на моќ. Инаку не гледам ништо „избрано“ кај нив.“

A дали Ајнштајн верувал во господ? Во друго писмо од 24 март, 1954, тој пишал: „Нормално дека она што го прочита за мојата религиозна определба беше лага која систематски се повторува. Јас не верувам во постоењето на личен бог и никогаш не сум го одрекувал ова, туку јасно сум го искажувал. Ако во мене има нешто што може да се нарече религиозно тогаш тоа е безграничната восхит за структурата на светот која нашата наука ја открива.“ [Albert Einstein letter]

- Реклама -