Писма до починатото куче

3-годишно момченце му праќа писма на своето починато куче, а потоа добива одговор од еден добар поштар.
Откако булдогот Моу починал кон почетокот на април оваа година, Мери Арчицел Вестбрук и нејзиниот 3-годишен син Лук почнуваат да пишуваат писма до животинчето, адресирани до „Моу Вестбруг, кучешки Рај, Облак 1“, пишува Mashable.

Во принцип мајката, која живее во Норфолк, Вирџинија, ги враќала писмата од поштенското сандаче откако Лук ќе си легнел да спие. Една вечер сепак заборавила.

Две недели подоцна Мери пронашла писмо без поштенска марка во кутијата.  На него пишувало само „Од Моу“.

Вестбрук си мислела дека заборавеното писмото до Моу ќе биде фрлено, но некој вработен во поштата сепак имал многу добра идеја.

„Јас сум во кучешкиот Рај – пишува во писмото. – Си играм по цели денови. Среќен сум. Ти благодарам што ми беше пријател. Те сакам, Лук. ”

„Ова писмо ме потсети за добрината на луѓето и колку голем може да биде еден толку мал гест – пишува Вестбрук.  – Наздравје за Моу кој е во кучешкиот рај, и за сите поштари низ целиот свет. “

- Реклама -