Пирошките се одличен избор за доручек или ужинка.
Состојки
400 гр. младо сирење
3 јајца
400 гр. брашно
1 прашок за пециво
1 лажица масло
200 гр. младо сирење за полнење.
Подготовка
Изматете ги јајцата и додадете им сол, сирење, прашок за пециво и брашно. Измесете меко тесто кое треба потоа да отстои околу поливина час. Тестото нанесете го на избрашена работна површина и развлечете го во дебелина од 1 см. Сечете коцки 10×10 см, полнете ги со свежо сирење и замотајте. Печете додека двете страни не заруменат.