Стомачето на Лима во Пирели за 2013 година

Најновото издание на календарот на Пирели за 2013 година ќе биде во поинаков стил од сите 38 досегашни броеви, со помалку голотија и, како што пишува Vanity Fair, наменето за женскиот алтуристички дух.

Познатата манекенка Адријана Лима ќе биде првата жена што некогаш го разголила своето мајчинско стомаче за Пирели. Едицијата за 2013 година ќе биде снимена низ објективот на фотографот Стив Меккари, кој е познат по својата работа во кризни и воени региони.

Тој ги фотографира жените што се вклучени во фондации и невладини организации за поддршка на различни хуманитарни проекти, со што последната едиција на Пирели ќе биде еден вид календар за душата. Токму поради тоа, овој календар познат по голотијата и по раскошните женски облини, за идната година ќе добие комплетно поинаква верзија.

Идејата на фотографот Меккарти била да направи фотографии од модели кои се секси без да бидат голи. Неговата визија е во голема мера различна од календарот за тековнава година, во кој во преден план се градите на Лара Стоун, а не нејзината душа. Фотографиите ќе бидат снимени на повеќе локации во Рио де Жанеиро.

Меѓу потврдените модели што ќе позираат за календарот на Пирели се вбројуваат и Елиса Седнуи, Петра Немцова, Изабела Фонтана, Лија Кебеде и Килеј Кун, а се шпекулира можноста и американската манекенка и балерина Карли Клос да се вклучи во екипата. Клос е моментно една од најбараните манекенки во подем.

- Реклама -