Пипер (P-Per) концепт телефон – мора да го имам!

pperphoneПо се изгледа дека наскоро ќе се појави јунакот кој ќе го симне можеби и преценетиот iPhone од неговиот трон. Се работи за концепт телефон на компанијата Chocolate Design Agency кој користи e-paper или електронска хартија за својот екран. Кога велам екран, да разјаснам дека целата површина на телефонот е покриена со оваа хартија (освен делот на кој се сместени камерата и слушалката) така да целиот телефон е еден голем екран осетлив на допир.

По се изгледа дека наскоро ќе се појави јунакот кој ќе го симне можеби
и преценетиот iPhone од неговиот трон. Се работи за концепт телефон на
компанијата Chocolate Design Agency кој користи e-paper или електронска
хартија за својот екран. Кога велам екран, да разјаснам дека целата
површина на телефонот е покриена со оваа хартија (освен делот на кој се
сместени камерата и слушалката) така да целиот телефон е еден голем
екран осетлив на допир. 

pperphone1
pperphone2
pperphone3

Електронската хартија е технологијата која на истата компанија и ја донесе Red Dot наградата за дизајн, а истата е еколошка, троши малку енергија и ќе биде напојувана од органска радикална батерија. Телефонот изгледа прекрасно, а неговиот интерфејс (види видео подолу) е нешто на што и Apple не би останале рамнодушни. На скала од еден до десет, овој апарат заслужува чиста дванаесетка. Единствено што останува е да чекаме да излезе во сериско производство и да се надеваме дека ќе можеме да си го дозволиме.

{youtube}_tXSEtJnPh0{/youtube} 

- Реклама -