Pinterest се откажа од својата полиса за примање нови членови само преку покани. Социјалната мрежа за споделување на фотографии го регулираше бројот на членови со покани.
Сега CNET известува дека Pinterest го зголемил својот капацитет за да прифати нови корисници. Процесот за регистрација никогаш не беше многу долг, но отворената регистрација ќе помогне за зголемување на бројот на корисници на Pinterest.
Не дека на сајтот му е потребна помош – во времето кога примаше нови корисници само преку покани сајтот сепак имаше 1,1 милион корисници дневно. Последиците од оваа промена во полисата наскоро ќе стане очигледна. [Pinterest lets users sign up without an invite]