Pinterest е сè уште релативно нов. До сега сајтот лансираше неколку нови елементи спомнувајќи ги на Facebook и чекајќи ги коментарите.
Најчесто спомнуван елемент во коментарите беше Pinterest апликација за Android. Барањата се толку чести што во канцелариите на Pinterest се шегуваат за тоа колку време ќе помине пред некој да побара Android апликација.
Епа чекањето за фановите на Android заврши вчера. Pinterest официјално ја лансираше апликацијата и за Android и за iPad, и лансираше апдејтирана верзија за апликацијата за iPhone. Android апликацијата која беше највена во канцелариите на компанијата во Сан Франциско претставува целосен редизајн специфично за Android.
Апликацијата беше во развој долго време и имаше гласини дека ќе биде најавена минатиот месец на Google I/O конференцијата. Во мај Pinterest собра 100 милиони долари достигнувајќи вредност од 1,5 милијарди долари. Сајтот на почетокот беше сервис кој функционираше само преку покани, но на 8 август беше отворен за сите корисници. [Pinterest: Now on Android and iPad]