Што прави пингвин со шише вино? Еве ја неговата приказна.
Фотографот и илустратор Олег Бородин (Oleg Borodin) го создава овој пингвин сосема случајно кога има за задача да илустрира детска сликовница.
За да не изгледа осамен, Олег одлучил на пингвинот да му даде пријателче кое секогаш ќе биде до него. Така на илустрациите се појавува и шишето црвено вино, кое збуни многумина.
Инспириран од различни настани и поп културата, уметникот направил серија на илустрации што ја раскажуваат приказната на двајцата пријатели.
Да ја погледнеме необичната врска меѓу еден пингвин и едно шише црвено вино 🙂