Ако постојано го купувате најновиот гаџет, тогаш сигурно имате мала колекција на стари смартфони и таблети, со Pinch најпосле ќе можете да ги користите.
Сега истражувачите од Tokyo University of Technology развиле софтвер која повторно ќе најде намена за вашата колекција. Со Pinch ќе можете да ги составите сите ваши гаџети во еден голем дисплеј.
Софтверот е наречен Pinch бидејќи така се синхронизираат гаџетите. Не е важно како тие се наредени, или дали имаат различни димензии, сè што треба да направите е да ги поврзете како што сакате.
Штом два гаџети се поврзани, графичките прикази или анимации ќе ги третираат повеќето дисплеи како еден голем дисплеј. Па на пример, би можеле да поврзете неколку телефони за да составите едно виртуелно пијано.