Пилот до контролата на летање: „Што направи Барса?“

Пилотот на авиокомпанијата „Wizz Air“, на летот од Мадрид до Будимпешта, синоќа нешто пред 23 часот, се јавил до контролата на летот со необично прашање.

Словенечките медиуми објавија дека пилотот, влегувајќи во воздушниот простор на Словенија, ја прашал контролата на летање на аеродромот Брник:

„Извинете, го знаете ли резултатот на натпреварот Барселона – ПСЖ во Лигата на шампионите?“

Контролорот на летот му одговорил:

„Барселона 6, ПСЖ 1“.

Пилотот задоволно рекол:

„Одлично, благодарам“.

Комуникацијата завршила тотално џентлменски, со констатација на контролорот:

„Убаво е да се слушне дека сте задоволни. Честитки“.

Прочитајте и:  Градоначалникот на Барселона планира укинување на директното изнајмување станови на туристи
- Реклама -