Сите сакаме да имаме мазна, здрава и хидрирана кожа на телото, па за таа цел, трошиме многу средства на различни лосиони, масла и други козметички производи.
Денеска ќе ви понудиме да ѕирнете во кујната и самите да создадете природен пилинг од сезонски плодови.
Пилинг со смокви и лимон
Смоквите се полни со витамин А и бета каротен, кои помагаат за хидратација на кожата и ги забавуваат знаците на стареење. Кокосовото масло, исто, ја навлажнува кожата и има заштитен ефект.
Потребни производи:
2 поголеми смокви
1 лимон
1 чаша кокос
1 чаша (200 грама) кокосово масло
Излупете ги смоквите, отстранете ја кората на лимонот и толчете. Додадете ги иситнетиот кокос и кокосовото масло и промешајте. Ставете ја смесата во стаклена тегла.
Со диња и киви
Црната сол е нежен природен пилинг. Во комбинација со супер хидратантната диња и богатството на витаминот C во кивите, ќе ја направат вашата кожа исклучително мека.
Потребни производи:
1/2 чаша диња
1½ чаша киви
1/3 чаша црна сол (можете да ја најдете во био продавниците)
1/3 чаша сончогледово масло
Исечете ги дињата и кивите, по желба можете и да ги испасирате. Потоа додадете од црната сол и маслото. Измешајте добро и пресипете ја смесата во стаклена тегла.