Пилинг за раце од маслиново масло и шеќер

Кожата на рацете има тенденција да стане груба со што се нарушува целовкупниот изглед на рацете.За да останат рацете убави и меки, применувајте го следниот едноставен пилинг два пати седмично.

На раката супете една до две лажици шеќер. а потоа речиси еднаква количина маслиново масло. Состојките истријте ги меѓу дланките (за да се соединат), а потоа со кружни потезе, истријте ги целите раце.

По неколку минути рацете измијте ги со млака вода, исушете ги и нанесете лосион или крема за раце.

Зошто баш оваа состојка?  Маслиновото масло на кожата и дава неопходна хидратација, а шеќерот ги отстранува мртвите ќелии на кожата и нечистотијата. Третманот применувајте го два пати седмично или по потреба.

Прочитајте и:  Намирници со висока содржина на шеќер и сол што треба да се избегнуваат
- Реклама -