Пилешко во доматен сос со пармезан

Запечено пилешко во пикантен сос од домат прекриен со моцарела и пармезан.

n39877
Состојки:

3 лажици маслиново масло

1 лажичка рузмарин

1 лажичка мајчина душичка

1 лажичка магдонос

сол и бибер

8 шницли пилешко бело месо

половина шолја моцарела

16 лажички пармезан

2 лажици путер

За сос:

1/2 шолји маслиново масло

кромид

2 чешниња лук

целер

морков

сол и бибер

900 г. излупени домати

6 ливчиња босилек

2 ловорови лисја

4 лажици путер

Подготовка:

Сос

Во голема тепсија загрејте масло, додадете ги лукот и кромидот и динстајте додека кромидот не стане стакленикав, околу 2 минути. Додадете целер и морков, а потоа побиберете. Гответе додека зеленчукот не омекне, околу 5 минути. Потоа додадете домат, босилек и ловор и оставете да струи на тивок оган околу еден час, додека не се згусне. Извадете ги ловоровите лисја и пробајте го сосот. Доколу се уште е киселкаст, додадете путер. Половина сос ставете во блендер и миксајте додека не добиете лесна смеса, а потоа додадете го и остатокот.

Месо

  1. Рерната вклучете ја на 250 степени. Зачините за месото помешајте ги со масло, посолете и побиберете. Во таа смеса тркалајте ги сите пилешки шницли. Маринираното месо пржете го додека не добие кафеавкаста боја, по 2 минути од секоја страна.
  2. Пилешкото ставете го во тепсија, па на секоја шницла нанесете доматен сос, потоа лажица моцарела и по две лажици пармезан. Врз месото потоа нанесете парче путер. Печете додека не се растопи сирењето, а пилешкото добро испечете го околу 3 до 5 минути.
- Реклама -