Полицијата од Манчестер соопшти дека по вчерашната елиминација на ’Црвените Ѓаволи’ од Лига Купот, пијан фан се јавил на бројот за итни случаи и побарал да разговара со Сер Алекс Фергусон.
Актуелниот шампион на Англија се мачи по пензионирањето на Ферги, а вчера претрпе ново понижување откако доживеа елиминација во полу-финалето од Лига Купот од Сандерленд.
Разочаран од тоа како се одвива сезоната, пијан фан на ’Црвените Ѓаволи’ веднаш по крајот на натпреварот се јавил во полиција и побарал да зборува со Сер Алекс Фергуосн.
Полицијата од Манчестер преку Фејсбук пренесе дека разбира колку тажен и депресивен може да биде поразот на фудбалски натпревар, но потенцираше дека бројот 999 треба да се користи само за идни случаи.
Полицијата исто така советуваат дека најдобро е да се стапи во контакт со Манчестер Јунајтед, доколку некој сака да зборува со Сер Алекс Фергусон.
„Вчера околу 22:30 човек од околината на Крампсол во пијана состојба се јави на бројот 999 и бараше да разговара со Сер Алекс Фергусон за резултатот на вчерашниот натпревар” – гласеше соопштението.
„Очигледно, кога вашиот тим ќе изгуби натпревар тоа може да биде тажен и депресивен момент, сепак ве замолуваме да не заборавате дека бројот 999 треба да се користи само само итни случаи”.
„За сите други работи поврзани со полицијата кои не се итни, можете да се јавите на 101”.
„Доколку сакате да зборувате со Сер Алекс Фергусон за резултат од некој натпревар, полицијата од Манчестер може само да ве советува директно да се јавите во Фудбалскиот Клуб Манчестер Јунајтед, и веројатно (не дефинитивно) ќе имате многу подобри шанси да се слушнете со него, отколку да ни се јавите нам”.
Ферги вчера беше на трибините на Олд Трафорд и ја проследи елиминацијата на Манчестер Јунајтед од полу-финалето во Лига Купот.
Текстот е објавен во соработка со 24fidbal.com.mk