Држевте диета, ослабнавте, но вишокот на килограми односно салото околу стомакот и понатаму е забележливо, ве демотивира и ви ја руши самодовербата? Немојте да се грижите повеќе бидејќи имаме рецепт за совршен пијалак кој ќе ви помогне да го стопите салото околу стомакот.
Како да го приготвите?
Во еден бокал ставете 8 чаши вода, потоа додадете ги следните намирници:
- 1 лажичка изрендан корен од ѓумбир
- 1 краставица исечена на многу тенки кришки
- 1 лимон средна големина исто така исечкан на кришки
- 12 листови нане
Сево ова оставете го 12 часа да стои за водата да ја добие потребната арома и квалитет. Пијалакот воопшто нема лош вкус и е прекрасен за пиење.
Сепак немојте да мислите дека со овој пијалак можете да ги решите проблемите со тежината, доколку не внимавате на исхраната. Јадете почесто но помалку, внимавајте на маснотиите во храната и конзумирајте го овој пијалак.
Објавено во соработка со За Здравје.