Ограничено пиење во рана бременост е безбедно

Пиењето мало до умерено количество на алкохол во раната бременост не е поврзано со развојни проблеми кај петгодишни деца.

Данското истражување налага дека еден до осум пијалаци неделно не се поврзани со штетни појави. Во Данска стандарден пијалак содржи 12 грама алкохол. Додека на бремените жени им е предложено да не пијат воопшто експертите велат дека тие кои ќе се решат да пијат не би требало да пијат повеќе од еден до два пијалаци, еднаш или двапати во неделата.

Данските истражувачи напишале пет студии за пиење во бременоста. Над 1600 бремени жени учествувале во овие студии, сите веднаш по нивниот прв преглед. Половината првпат биле мајки а малку помалку од третина од нив пушеле за време на бременоста. Жените биле запрашани за нивната конзумација на алкохол.

Нископросечно конзумирање било дефинирано како еден до четири пијалаци неделно, умерено пет до осум а високо девет или повеќе во текот на неделата. Опивањето, за кое жените биле прашани во студијата, било дефинирано како пет или повеќе пијалаци во една прилика. Во истражувањето биле опфатени и жени кои не пиеле за време на бременоста.

Прочитајте и:  Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Научниците се фокусирале на ефектите на алкохолот врз интелигенцијата, вниманието, извршинте функции како планирање, организација и самоконтролата кај деца од пет години. Тие откриле дека ниско до умерено количество на алкохол во раната бременост нема значаен ефект врз менталниот развој на деца на петгодишна возраст.

Немало разлики помеѓу тестовите за интелигенција кај децата чии мајки пиеле еден до четири или пед до осум пијалаци неделно споредено со децата чии мајки воопшто не пиеле. Но пиењето повеќе од девет пијалаци неделно било поврзано со намалено внимание кај децата. [Moderate drinking in early pregnancy branded ‘safe’]

- Реклама -