Верувам ретко на кој денес терминот Instant Messenger или IM му е непознат. Сите ние за интернет комуникација користиме некој IM, било тоа ICQ, MSN, Yahoo или Google Talk. Но, доколку имате пријатели кои користат различен IM, а сакате да бидете во контакт со сите, настануваат проблеми. Едно решение би било да ги инсталирате сите можни IM на вашиот компјутер и да го осудите да работи бавно. Алтернативно решение е да инсталирате Pidgin IM. Имено овој програм има поддршка за AIM, Bonjour, Google Talk, ICQ, IRC, MSN, MySpaceIM, Yahoo, Zephyr итн. Програмот е бесплатен, доаѓа со еден куп опции и плагини со кои можете да го дотерате по желба и не го кочи вашиот компјутер. Поарно – здравје. [pidgin.im]