Photosynth е зачудувачка нова технологија од Microsoft Live Labs која
засекогаш ќе го смени начинот на кој размислувате за дигиталните
фотографии. Софтверот зема голема колекција на фотографии од место или
објект, ги анализира за сличности, а потоа ги прикажува како
реконструиран тридимензионален простор.
Photosynth е зачудувачка нова технологија од Microsoft Live Labs која засекогаш ќе го смени начинот на кој размислувате за дигиталните фотографии. Софтверот зема голема колекција на фотографии од место или објект, ги анализира за сличности, а потоа ги прикажува како реконструиран тридимензионален простор.
Photosynth искуството започнува со обично купче дигитални фотографии. Тие може биле направени од една личност, а можеби се мешавина од повеќе различни камери, периоди во денот, резолуции итн.
Секоја фотографија е процесирана од компјутерски визуелен алгоритам. Сликите што делат иста информација се поврзуваат во мрежа. Кога ќе биде најдена иста слика, таа се позиционира во 3D.
Photosynth овозможува интерфејс каде може „да му пријдете“ на секој објект во фотографијата или да се поставите на местото на фотографот.
Замислете дека ќе може да го видите вашиот омилен бенд од секој агол, да се шетате околу моторот кој штотуку го сликавте во салонот и сл.
Како се вика кулава? Само сликнете ја.
Фотографиите ќе бидат секогаш во фокус и ќе може мазно да зумирате на нив без разлика дали се работи за слика од 1 мегапиксел или 1 гигапиксел.
Во иднина, овој програм ќе ги направи вашите слики попаметни. Кога еднаш ќе направите фотографија, таа ќе содржи своја сопствена „ДНК“ која ќе ги опишува карактеристиките на сликата. Така, Photosynth ќе ви покаже и други фотографии со слични црти на оние кои ги гледате. [Microsoft Photosynth]
Microsoft Photosynth видео презентација
{youtube}p16frKJLVi0{/youtube}