Пежо претстави глобално дизајн студио (видео)

Користејќи го искуството стекнато во својата 200-годишна индустриска и 120-годишна автомобилска историја, Пежо во Париз отвори свое дизајнерско студио кое ќе врши услуги и за надворешни клиенти, вон автомобилскиот сектор.

Peugeot Design Lab е Global Brand Design студио кое има за цел  да развива сеопфатни активности и стратегии во разни дејности. Негова главна мисија е обезбедување на производи, услуги и искуство за клиенти од сите сфери. Техничките и човечки ресурси на центарот за дизајн на Пежо ќе бидат инволвирани во работата на Peugeot Design Lab, што е голема гаранција за потенцијалот на студиото. Тоа ќе функционира во три града во светот: Париз, Шангај и Сао Паоло, покривајќи на тој начин три континенти.

{youtube}xI0ErmJFB-Y{/youtube}

Peugeot Design Lab е резултат на новата стратегија за идентитет на брендот, наметната во 2010 година, кога е формиран специјален тим надвор од автомобилската дејност кој има за задача да ги испита можностите за развој.

Peugeot Design Lab ќе работи во различни области: Вrand-Imaging – анализа и изработка на стратегии за бренд, преку утврдување на визија, филозофија на стилот, јазик на формите; концепт – поврзување на идентитетот на брендот со создавањето на еден или повеќе производи или услуги; развој – работа на дизајн на производи, користење на 2D и 3D модели, комбинирање на квалитетот на постојните методи со креативноста на дизајнот итн.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -