Peugeot го претстави новото 308

Peugeot ја откри официјално целосно новата генерација на хечбекот 308, со кој ќе се обиде да освои дел од клиентите на своите конкуренти на пазарот, како Renault Megane, Opel Astra, Ford Focus, Volkswagen Golf.

Новиот 308 е изграден на модуларната платформа EMP2, која веќе ја видовме во компактниот ван Citroen C4 Picasso. Димензиите на моделот се 4.250 милиметри должина и 1.460 mm висина. На тој начин новината е со 26,6 mm пократка и со 38,8 mm пониска од својот претходник. Кај новата генерација сепак има сериозно зголемување на багажниот простор за 40 литри, односно неговиот волумен веќе достигнува 470 l. Благодарение на користењето на новата платформа, инженерите на Peugeot успеале да ја намалат тежината на моделот за 140 килограми во споредба со неговиот претходник. Верзијата со 1.6 литарски бензински мотор и 6-брзински мануелен менувач кај досегашното издание на 308 имаше маса од 1.287 kg. Кога сме кај агрегатите, засега од Peugeot не откриваат каква и да е информации за палетата мотори кои ќе ги користи новиот 308. Се знае само дека намалувањето на масата дозволила моделот да биде еколошки. Една од новите модификации на хечбекот ќе одделува во атмосферата само 85 g/km емисија CO2.

533_308-470-1

Основниот елемент во внатрешноста на новата генерација на Peugeot 308 е 9.7-инчен екран, со чија помош се управува поголем дел од системите во возилото, вклучувајќи го и клима уредот. Предниот панел пак добил минимално количество копчиња, а таму се наоѓаат само копчето за вклучување на предупредувачките трепкачи, како и она за намалување и зголемување на звукот од аудио системот. Новото Peugeot 308, исто така, располага со LED светла, a оваа опција е достапна само за автомобилите со највисоко ниво на опрема. Французите се изјаснија дека ваквата опција се појавува за прв пат кај моделите од С-сегментот.

599_308-470-4

Официјалниот деби на моделот ќе биде на салонот во Франкфурт во септември, а продажбата започнува веднаш по претставувањето.

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус

 

- Реклама -