Луѓето отсекогаш биле опседнати со брзината. За жал, најчесто брзината е ексклузивна играчка на богатите. Но за среќа, постојат и неколку комерцијални возила кои можат да ви овозможат незаборавно возење. Ова се петте возила кои најбрзо ќе ве однесат од точка А до точка Б.
Луѓето отсекогаш биле опседнати со брзината. За жал, најчесто брзината е ексклузивна играчка на богатите. Но за среќа, постојат и неколку комерцијални возила кои можат да ви овозможат незаборавно возење. Ова се петте возила кои најбрзо ќе ве однесат од точка А до точка Б.
Никој нема пристап до овој глисер, но на листава е со причина. „Духот на Австралија“ кој моментално е сместен во Австралискиот Национален Поморски Музеј е носител на светски рекорд. Иако рекордот за најголам брзина постигната на вода, 511,12 километри на час, бил поставен во доцните седумдесети, никој сè уште не успал да го скрши. Глисерот е опремен со Вестингхаус млазен мотор кој постигнува неверојатни 6000 коњски сили.
Одделот за тешка машинерија на Кавасаки го има развиено овој неверојатен воз. Возот е најчистиот на планетава, но сепак може да постигне брзина од 349 километри на час. Оваа машина исто така располага со најновата технологија, па е и екстремно безбеден.
Со максимална постигната брзина од само 111 километри на час, L’Hydroptere навидум и не припаѓа на оваа листа. Но, сепак се работи за пловило кое се движи само со помош на силата на ветрот, па слободно може да се рече дека е најбрзата едрилица во светот. Оваа неверојатна брзина е постигната бидејќи се работи за хидропланска едрилица, што значи дека кога L’Hydroptere постигнува одредена брзина се подига над водата со што го намалува хидродинамичкиот отпор. Лебдењето над морската површина, без никаков звук освен оној на ветрот кој ве турка нанапред сигурно е најуникатното искуство што секој би сакал да го почувствува.
Еуростар е еден од најбрзите ултра брзи возови во Европа. Тој секој ден сообраќа на дестинација Парис-Брисел-Лондон и назад, притоа поминувајќи под Ламанш. Возот се движи со максимална брзина од 334,7 километри на час, но и покрај тоа е најефтин и најбрз начин да отидете од една во друга земја.
Овој воз е подвиг на модерната технологија кој се движи со просечна брзина од 350 километри на час. Патниците во овој воз се распоредени во три класи: Делукс, Прва или Втора, каде што можат да се опуштат додека да пристигнат на својата дестинација, што е доказ дека ефикасноста и удобноста не мора меѓусебно да се исклучуваат.