Петта последователна титула најбрз јадач

Петта последователна титула најбрз јадач Можеби не би го препознале како еден од најславните натпреварувачи во брзо јадење, но ова момче, Џои Чеснат, веќе петта година по ред победува на традиционалниот натпревар во јадење хот-дог сендвичи, што на Четврти јули се одржува на Кони Ајленд, Њујорк, по повод Денот на независнота на САД.

Иако бројката од 62 хот-дог сендвичи изедени во 10 минути не е личниот рекорд на Џои Чеснат, сепак тоа било доволно да го победи најблискиот натпреварувач, Патрик Бертолети, и да ја освои наградата од 10 илјади долари.

Дваесет и седум годишникот од Сан Хозе, Калифорнија, кој носи прекар „Вилици“, во само 10 минути во себе внело храна со енергетска вредност од околу 20 илјади калории. По натпреварот изјавил дека се чувствува одлично, дека ќе пие многу вода и ќе избегнува хот-дози во наредните неколку дена.

Прочитајте и:  Путин му честиташе на Доналд Трамп за победата

Џои Чеснат го започнал натпреварот со одлично темпо, но не успеал да го подобри сопствениот рекоорд од 68 изедени хот-дог сендвичи во 10 минути, затоа што направил премногу грешки, кога загубил концентрација. Сепак, пред него се долги години натпреварувачко јадење, во кои сигурно ќе успее да се надмине себеси. [Joey Chestnut eats 62 hot dogs, wins contest]

- Реклама -