Петрушевски: Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во Шанси инвест од Албанија која добила 10 милионски тендер

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ имало длабоки релации со Албанската фирма Шанси инвест, која го добила тендерот за набавка на уред за корекција на напонски профил заедно со Далековод АД Загреб.

Мелаим Адеми кој бил раководител на комерцијален сектор во МЕПСО, кога Шанси инвест го добила тендерот, своевремено бил управител на подружницата на Шанси инвест во Скопје.

ЈО треба веднаш дс отвори постапка за оваа набавка, и да ги испита сите докази.

Дали Шанси инвест е фирма која е параван за наплата на функционери на СДС и ДУИ?

Колку пари од МЕПСО завршиле на сметка на Шанси инвест, која буквално нема никаква додадена вредност во набавката, освен штанцање на фактури кон МЕПСО за наплата, пред да и префрли пари на фирмата производител?

Прочитајте и:  Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ склучило договор со албанска фирма за набавка на уред за 3 милиони евра поскапо од тоа што предвиделе

На чии сметки на лица од СДС и ДУИ требале да завршат парите во разликата во цени од Шанси инвест?

ЈО да презема акција. Одговорност мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -