Петровска го повика пратеникот Ковачки на ТВ соочување

„Како министерка за одбрана се залагам за високиот углед на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија и нема да толерирам никакви обиди за добивање на ситни политички поени на штета на Армијата и Минстерството“, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук-профил.

„Со цел да ги разјасниме сите обвинувања кои вчера беа изнесени на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност, го повикувам пратеникот Драган Ковачки, поранешен припадник на Армијата, на ТВ соочување“, објави Петровска.

Подготвена е, вели министерката, да одговори на секое поставено прашање, но потенцира дека и таа има неколку прашања кои ќе ги постави, како што рече, во интерес на јавноста.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични

Драган Ковачки, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната собраниска Комисија за одбрана обвини дека за учество во мировна мисија се давало мито од по 3500 евра, додека пак за прием на професионален војник по 5000 евра, и тоа преку две линии – едната линија, според него, е преку лица до владејачката СДСМ, додека другата е преку ДУИ. Ковачки тврди и дека има конкретни имиња, а се повикува на целиот свој кредибилитет во Армијата.

- Реклама -