Согорете ги маснотиите и дефинирајте го телото со помош на „луди осмици“ – супербрз интервал со тегови.
Кратки сте со време? Подгответе се за голема заштеда. Овие „луди осмици“ се изум на тренерот Дориан Брит и претставуваат низа од три вежби кои брзо и интензивно формираат мускули и го топат салото. Направете по 8 повторувања од секоја вежба и преминете на следната. Кога ќе ги завршите сите три, сте заокружиле една серија. Пробајте да направите вкупно 4 серии во 15 минути.
1. Комбинација од двојни чекори и мртво дигање
Стапалата поставете ги во ширина на рамената, држејќи ги теговите покрај телото. Зачекорете напред со десната нога, па вратете се назад. Потоа станете, исправете се, и свиткајте ја десната нога, така што би направиле стој со една нога. Со исправен грб навалете се напред и „отворете“ ги градите. Вратете се назад, исправете се, и повторете ја постапката со другата нога. Тоа е едно повторување, а вие треба да направите 8.
2. Склекови и „веслање“ со тегови
И понатаму држете ги теговите но овој пат така што ќе заземете положба за склекови. Поставете ги рацете во ширина на рамената. Направете склек, префрлете ја тежината на левата рака и повлечете го тегот кон телото со десната рака. Потоа спуштете ја десната и повторете ја постапката со левата рака, се додека не го повторите истото 8 пати.
3. Стомачни вежби со повлекување на нозете
Спуштете се во положба на склекови и поставете ги рацете на теговите во ширина на рамената, а стапалата на пешкир. Од оваа положба со помош на стомакот повлечете ги нозете кон рацете така што телото би застанало во форма на „V“. Потоа со истегнување на телото вратете се во почетната положба. И оваа вежба како и останатите, повторете ја 8 пати.