Петличковски: Голем дел од високата смртност од ковид се должи на нашето запоставено здравје

„Во ниеден контекст не можам да кажам дека зголемената смртност од Ковид-19 е резултат на непочитување на протоколите. Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје“, истакна денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Според Петличковски, сите здравствени работници најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19.

„Во ниеден контекст не можам да кажам дека зголемената смртност е резултат на непочитување на протоколи. Јас сум убеден дека сите здравствени работници според нивните сознанија најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19. Бројките ни се високи, да, но редовно ги споредувам со Словенија, со слична структура на населението… и таму и во оваа фаза на пандемијата бројките се редовно над 20“, додаде Петличковски на прес-конференција во одговор на новинарско прашање во врска со зголемената бројка на починати од Ковид-19.

Тој напомена дека постојат и земји во кои има пониски бројки на починати, но тоа се земји со поразлична здравствена култура од нашата.

„Да, има земји со пониски бројки, но тие земји имаат многу различна здравтсвена култура од нас. Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје“, рече Петличковски.

МИА

- Реклама -