Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, преку соопштение реагираше на изјавата на премиерот на Косово, Албин Курти, кој денеска изјави дека „Србија не се оградила од Милошевиќ и Путин“.
„Албин Курти секој ден докажува дека нема проблем со Србите на Косово и Метохија со тоа што ги апси, им го конфискува имотот и врши секаков вид терор, а неговите проблеми со српскиот народ целосно ќе исчезнат доколку на Космет нема Срби воопшто. Ете зошто Србите имаат проблем со Курти кој секојдневно ги тероризира и угнетува. Шовинистичката политика на Курти е толку нескриена што сите негови пораки за демократијата и човековите права, кои наводно им се загарантирани на Србите, не се ништо повеќе од невкусна шега“, нагласи Петковиќ.
Тој посочува дека изјавите на Курти нема да ја разнишаат јасната политика на Белград, што е фокусирана на заштитата на Србите на Косово.
„Србија ќе продолжи да води легитимна политика заснована на меѓународното право за заштита на своите државни и национални интереси на Косово и Метохија, а таа политика сосема разбирливо го нервира Курти, бидејќи е неспојлива со сепаратистичките и големоалбанските цели на самитот во Приштина“
„Курти, наместо да фантазира за Милошевиќ и Путин, треба да го земе предвид неговото политичко наследство, кое за жал се заснова на ѕвецкање со оружје, поттикнување етничка нетрпеливост и поттикнување конфликти, наместо да ги нормализира односите, да гради мостови на доверба и да бара компромис“, наведе Петковиќ.