Петифер: Не видов ништо поврзано со “Северна” во Скопје

Британскиот професор Џејмс Петифер ги трола Европска унија и американскиот Стејт департмент за тоа што не видел никаков предмет со натпис „Северна Македонија“ во Скопје.

„Во Скопје сум во моментов на службено патување и досега немам видено ‘Северна Македонија’ на ниту еден сувенир, книга, знаме, маичка, туристичка поштенска картичка или постер. Можеби ЕУ и Стејт департмент ја имаат загубено некаде???“, се шегува на Твитер професорот по балканска историја на колеџот „Сент крос“ во Оксфорд.

- Реклама -