Петар Пан во бајката останува во Недојдија бидејќи не сака да порасне, но Џереми Самптер кој во овој филм до 2003 година ја толкуваше главната улога, повеќе не е момче туку згоден убавец кој денес мами воздишки.
Џереми денес има 26 години, а привлекува погледи и сипматии на жените ширум светот.
Кариерата ја започна кога имаше само 11 години, и тоа прво како манекен, а потоа почна и да глуми.
Во 2002 година, кога имаше 13 години, ја доби улогата на Петар Пан во истоимениот филм, која и го прослави, и доби бројни награди.
Од тогаш има само улоги во помалку познати филмови и серии, но и понатаму е популарен- на Инстаграм го следат 126 илјади луѓе.
Тој порасна во еден од најжешките фраери, дури и за холивудските стандарди.