Петар Милошевски загина во сообраќајна несреќа

Директорот на Фудбалската репрезентација на Македонија, Петар Милошевски загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 23:35 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово кај клучката во населбата Карпош, јавува МИА.

Во несреќата се повредени претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски и уште две лица – З.З. (1980) и Р.И. (1990).

Според сознанијата на полицијата, возилотото „Пежо“ со кое управувал Ѓорѓиоски се судрило со комбе управувано од Ж.Б. (1952) од кумановското село Малитино, кој исто така е повреден во несреќата.

Сите повредени се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Петар Милошевски беше поранешен голман на македонската репрезентација и на неколку странски клубови како Трабзонспор, Малатијаспор, Себатспор, Енозис, а бранеше во Пелистер и во Вардар.

- Реклама -