Петар Атанасов замина од СДСМ

Поранешниот заменик-министер за образование и наука, Петар Атанасов, си поднесе оставка и од партиската функција во СДСМ.

Откако се повлече од Владата, тој си даде оставка и од Централниот одбор на СДСМ.

„За две години многу ефтино се потроши општествениот капитал за промени извојуван од многумина во битката против злото. Секоја утка на СДСМ многу скапо ја плаќаме“, сподели Атанасов на социјалните мрежи.

- Реклама -