Кога зборуваме за изразување на емоции, на мажите тоа им е најтешка тема.
За разлика од заљубените жени, кои за тоа не престануваат да зборуваат, тој за истото не престанува да размислува.
Ако сакате да дознаете дали еден маж е заљубен, читајте меѓу редови. Ви претставуваме мали, но важни знаци кои откриваат дали навистина ве сака.
1. Испраќа симпатични пораки
Колку е побанална пораката, толку неговите емоции се посилни. Пораките како фотографија од слатки животни со цитат, некоја шега или линк од некога статија која знае дека вас сигурно ќе ве заинтересира се знаци дека тој постојано мисли на вас и дека сака да ви покаже дека знае што сакате и што ве интересира.
2. Бара од вас модни совети
Во моментот кога од вас ќе побара совет што да облече за некоја прилика, знајте дека тој се грижи за вас. За мажите таквиот потег е многу приватен и интимен. Уште ако од вас побара со него да одите на шопинг, знаете дека се му важни и дека ве сака во својот живот.
3. Ви се јавува без некоја посебна причина
Мажите ги користат телефоните за три ситуации- заради работа, правење договори и да слушне нечиј глас. Ако не сте му колешка или пак немате некој договорен состанок, знајте дека станува збор за ова третото. Ова е знак дека му недостигате и дека едвај чека да ве чуе и види.
4. Пријателите го „задеваат“ за вас
Кога случајно во разговор или преку телефон слушнете како пријателите го „задеваат“ за вас, знате дека станува збор за љубов. Мажите меѓусебно не сакаат да споделуваат интимни моменти, освен во две ситуации- ако станува збор за несериозен секс или за вистинска љубов. Првото останува во машкиот круг и не излегува од таму, а ако сте се нашле во нивниот машки разговор кој на шеговит начин доаѓа до вас, знајте дека тој многу се фали со вас.
5. Прави планови однапред
Ако по заедничкото попладневно дружење тој ви предлага дружете за утре, задутре или за викендот, можете да бидете сигурен дека е заљубен. Ова е знак дека ужива во ваше друштво и дека едвај ја чека следната авантура во која сте вклучени само вие двајца.