Пет страшни острови

островиКога помислувате на острови, мислите на палми, карпи и релаксација. Интересно е што островите исто така можат да бидат и страшни. Опкружени сте со вода на сите страни и се чуствувате отсечено од општестовото. Некогаш толку страшни работи се случуваат на изолираните острови што изгледа како енергијата од овие настани да останала и да ги претворила од рајски острови во пеколни острови.

Кога помислувате на острови, мислите на палми, карпи и релаксација. Интересно е што островите исто така можат да бидат и страшни. Опкружени сте со вода на сите страни и се чуствувате отсечено од општестовото. Некогаш толку страшни работи се случуваат на изолираните острови што изгледа како енергијата од овие настани да останала и да ги претворила од рајски острови во пеколни острови.

островиОстровот Алкатраз

Алкатраз се наоѓа во заливот Сан Франциско и е познат по тоа што на него бил изграден федерален затвор. Овој затвор работел од 1933 до 1963 и во него биле сместени некои од најозлогласените криминалци на минатиот век, како Ал Капоне.

Во 1972 островот бил отворен за јавноста и оттогаш посетителите, чуварите и другите вработени пријавуваат паранормални активности. Некои тврдат дека слушале плачење и тропање по решетките. Други тврдат дека го чуле духот на Ал Капоне кој ги поминал последните години од животот во затворот. Капоне бил познат по тоа што времето наменето за рекреација наместо во дворот на чист воздух го поминувал во собата со тушеви каде што свирел на бенџо. Некои луѓе тврдат дека на Алкатраз сè уште се слуша звукот од неговото бенџо.

Духови биле пријавувани дури и кога затворот сè уште работел. Една од најпознатите приказни е за затвореникот од ќелијата 14D. Затвореникот избезумено врискал цела ноќ дека во неговата ќелија има чудовиште со зелени ичи кое сака да го убие. Следното утро чуварите го нашле мртов. Тој бил задавен. По овој настан чуварите секогаш имале еден затвореник вишок при пребројувањето. Другите затвореници тврделе дека затвореникот од ќелија 14D се појавувал за да биде избројан а потоа исчезнувал.

островиХавајските острови

Кога луѓето одат на одмор на Хаваи најчесто се опуштаат на плажа, јадат егзотична храна, и искусуваат егзотична култура. Ретко помислуваат да одат во лов на духови, но овие острови наводно се најопседнатите острови во светот.

Старата хавајска религија не им опростувала на оние кои го прекршувале моралниот код. Грешниците или „капу“ биле погубувани, најчесто биле ловени како животни. Можеле да се искупат и да ја избегнат смртта, само требало да стигнат до одреден храм пред да бидат убиени, по што добивале шанса да го одработат гревот. Најголемиот ваков храм сè уште постои во националниот парк Хонаунау. Некои луѓе тврдат дека некогаш се гледаат духовите на кутрите луѓе како очајно трчаат кон храмот.

Во Ваианае има место наречене Каена каде што наводно се допираат рајот и пеколот. Старата хавајска религија вели дека тука живеат боговите. Луѓето тврдат дека таму се слушаат гласови кои зборуваат за чудни работи кои се над човечкото сфаќање. Постојат и други паранормални жаришта на Хаваи, па ако решите да ги посетите овие рајски острови, можете малку да го истражувате и паранормалното.

островиОстровот Сегуин

Островот Сегуин се наоѓа на устието на реката Кенебек во Мејн. Светилникот кој се наоѓа на островот бил изграден во 1857 година и е највисоко поставениот светилник во Мејн. Иако светилникот ги спасил животите на многу морнари од карпестите брегови во околината, оние кои престојувале во него раскажуваат за ужасни случки.

Еден од првите светилничари живеел во куќата со неговата сопруга пред многу години. За да ја победи ужастаната тишина на изолираниот остров, таа почнала да свири на пијано. Додека тишината неа ја натерала да свири, го натерала нејзиниот сопруг да убива. Една ноќ светилничарот ја убил со секира по што си го одзел и сопствениот живот. Многу луѓе тврдат дека сè уште се слуша звук на пијано иако нема таков инструмент на осторовот.

Во 1985 година светилникот бил повлекуван од служба па сиот мебел требало да се отстрани. Службеникот кој го надгледувал отстранувањето престојувал во светилникот. Една ноќ додека спиел бил разбуден кога неговиот кревет започнал да се тресе. Тогаш чул глас кој викал „Држи се настрана од мојот дом!“ Тој го игнорирал предупредувањето на духот и наредил да биде натоварен на брод. Бродот со мебелот потонал во необична несреќа на пат кон конпното.

островиОстровот на куклите

Сте решиле да го посетите Мексико Сити и да ги поминете каналите во Хочимико. Искуството е релаксирачко и вие уживате во егзотичните растенија кои растат крај каналот. Одненадеж гледате кукли како висат од гранките на дрвјата. Тогаш гледате дека има цел остров на кој секое дрво виси или цела кукла или глава од кукла.

Дон Хулиан бил скитник кој живеел во колиба на островот. Тој тврдел дека бил прогонуван од духот на мало девојче кое се удавило во островот. За да го смири вознемирениот дух, Хулиан почнал да собира кукли и да ги беси по дрвјата за девојчето да има со што да си игра. Во 2001 Хулиан бил пронајден мртов од страна на неговиот внук. Тој бил удавен во каналот.

Туристите кои го посетуваат островот тврдат дека куклите шепотат и дека некои од нив самите ги отвараат и затвараат очите. Екипа на Syfy каналот која врши паранормални истражувања поминала една ноќ на островот. Тие имале ужасно искуство, виделе духови, почуствувале необјаснива параноја и слушале гласови.

островиОстровот Повеља

Островот Повеља е мал остров кој се наоаѓа помеѓу Венеција и Лидо во северна Италија. Во времето на Римската Империја островот бил користен за изолација на луѓе кои боледувале од чума, а истата намена ја имал и неколку векови подоцна кога Црната Чума пустошела низ Европа. Во почетокот на дваесетите години од минатиот век на островот била изградена лудница.

Според локалниот фолклор, лудницата ја раководел налудничав доктор. Тој вршел сурови експерименти врз пациентите. Подоцна кога докторот се обидел да изврши самоубиство скокајќи од покривот го преживеал падот, но веднаш потоа од земјата излегла чудна магла која го задавила.

Сите обиди за населување на островот биле соочени со преплашени луѓе кои ужаснати бегале од таму. Денес, Повеља е ненаселен и владата на Италија го има затворено за јавноста. Многу легенди велат дека духовите на жртвите на чумата сè уште се шетаат по островот. Некои луѓе тврдат дека виделе чудни светла на островот и дека сè уште се слуша стенкањето и вриштењето на оние кои биле измачувани таму. Локалните риболовци одбиваат да ловат околу островот зашто постојано фаќаат човечки остатоци.

Островите се навидум рај на Земјата. Луѓето ги посетуваат за да избегаат од притисокот на секојдневните обврски и да се ослободат од стресот релаксирајќи се на песочните плажи. Но, како што може да се види од овие острови, изгледот лаже. Островите обично се изолирани од остатокот од светот и на нив може да се случувале ужасни работи како резултат на болести или лудило. Затоа следниот пат кога одите на одмор на прекрасен остров, отворете ги очите и внимавајте.

- Реклама -