Машкиот и женскиот мозок функционираат на различни принципи. Жените често даваат знаци кои мажите без проблем би требло да ги прочитаат. Но, како што е познато, тоа не е секогаш така. Пет вообичаени и помалку комични ситуации.
1. Жената со зборовите испраќа двосмислени пораки
Таа мисли: Со користење на сугестивни зборови кокетирам со него и испраќам пораки дека го посакувам.
Тој мисли: Користи така чудни зборови!
Мажите воопшто не ги забележуваат женските алузии, затоа што нивниот вокабулар е целосно различен од женскиот. Тие бараат очигледни сигнали.
2. Жената се прозева и глуми дека е уморна
Таа: Жената покажува дека и е досадно, на начин да не ги навреди луѓето околу себе.
Тој мисли: Сака да спие, а јас ќе останам да се забавувам.
Мажите секогаш бараат практични решенија. Кога жената кажува дека е уморна, тие така и сфаќаат. Единствен начин е директно да им се каже.
3. Жените се обидуваат на безболен начин да ја прекинат врската
Таа мисли: Пристојна сам и обѕирна, а сепак му кажав дека е готово меѓу нас.
Тој мисли: Се уште е заинтересирана за мене.
Жената едноставно треба да ги каже своите намери и да не остава лажна надеж. Конструкциите „привремена пауза“ и „време за размислување“ можат погрешно да бидат протолкувани и мажот да верува дека се уште има шанса.
4. Жената суптилно го допира
Таа мисли: Кокетирам со него и ја користам секоја прилика да го допрам.
Тој мисли: Тој всушност ништо посебно не мисли.
Првите суптилни допирни нема ниту да ги забележи. Подоцна сфаќа дека станува збор за кокетирање.
5. Жената молчи и гледа во друг правец
Таа мисли: Лута сум и така тој ќе сфати дека нешто не е во ред.
Тој мисли: Што е па сега?
Молчењето е најсилното женско оружје, но е и целосен лош начин на комуникација и ниту еден маж не го разбира. Жената мора јасно да каже што ја мачи.