Пет работи што мажите не можат да ги разберат кај жените

Мажите и жените – вечна тема и вечно прилагодување на две половини, кои се од два различни света. И мажите и жените имаат многу прашања и не разбираат зошто спротивната страна прави одредени работи на еден начин, што не  е логичен за нив.
Ова се 5 работи кои мажите никогаш нема да ги разберат во врска со жените

1. Како може да те расплаче облека?!

1

Мажите никогаш нема да го дознаат тоа чувство да имаш над 50 блузи и секоја од нив да те прави дебела … или барем да мислиш дека е така. Утринскиот плач или гнев е нешто што никој нормален маж на Земјата не може да го разбере.

2. Како го менуваш расположението за 5 минути?

2

Гнев,  хистерична смеа и конечно малку меланхолија за шмек. Како е тоа можно?  Одговорите лежат во следните причини –  пред менструален синдром, прв ден од циклусот, хормони, бременост, нервоза, климакс, без причина…

3. Стравот од излез на дневна светлина без шминка

3

Мажите мразат кога ја чекаат жената да се подготви за излегување еден час. Тие сакаат природни и практични жени.

4. Зошто постојано разговараме за други жени

4

Направила одвратен маникир, нема вкус за облекување… обрнуваме многу внимание на жените околу нас и постојано се споредуваме со нив.

5. Лигавење по бебиња и мали животини

5

Да, слатки се. Да, многу се мали. И да – не сметаат дека е потребно да се воздивнува по секое бебе кое поминува покрај вас.

- Реклама -