Пет причини зошто студеното време е добро за здравјето

Го мразите студот? Тој, сепак, е корисен за вашето здравје. Еве пет причини кои ќе ве убедат во ова тврдење.

Студеното време може да ви помогне да ја загубите телесната тежина

Со напредување на возраста нашиот метаболизам се успорува и тежнееме да добиваме на тежина. Во човечкото тело има два вида масти: бело и кафеаво масното ткиво. Со кафеавото масно ткиво бебињата ја регулираат телесната температура. Со текот на годините, сепак таа исчезнува, но истражувања покажаа дека сепак можеме да зачуваме дел од неа. Кога ни е ладно, нашите тела ги активираат кафеавите масни клетки, за да ни биде топло и така согоруваат повеќе калории.

Студ против болка

Во некои држави, употребата на ниски температури за медицински цели се сфаќа многу сериозно. Финските истражувачи направиле експеримент со 10 жени кои се бањале по 20 секунди во ледена вода во текот на три месеци. Се покажало дека кај нив се забележува трипати скок во нивото на норепинефрин по изложеност на студена вода. Норепинефринот е хемикалија во нервниот систем, која игра улога во задушувањето на болката. Во Јапонија „ладната” терапија се користи за ублажување на болка и воспаление од ревматски и други болести. Пациентите обично поминуваат до три минути во многу студена соба, а позитивно искуство со оваа терапија сподели и  Деми Мур. Мразот одамна е сметан за блажество од природата. Тој ги ублажува повредите и ги намалува отоците.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

0104-Cold-Weather_full_600

 

Студеното време може да го подобри сексуалниот живот

Нивото на тестостерон кај мажите расте на есен и повторно во февруари, а се намалува во текот на топлите летни месеци. Значи колку постудена е зимата, толку повисок е тестостеронот.

Студот убива дел од патогените микроорганизми

Одамна се знае дека ниските температури убиваат некои штетни организми, кои не можат да опстанат на студот. Една од најголемите грижи на лекарите денес е дека поради климатските промени зимата ќе ја загуби оваа своја магична способност.

Студ за подолг живот

Бројни студии на црви, глувци и школки покажуваат дека пониските температури го продолжуваат животот на овие животински видови. Но, пред да се преселите во регион со студена клима, треба да знаете дека студот има и темна страна. Истражувањата покажуваат дека смртноста е повисока во студеното време од годината. Крвниот притисок се зголемува во зима. Освен тоа грипот и вирусите се шират побрзо кога воздухот е сув. А ако е премногу ладно, луѓето се со поголема веројатност да поминуваат повеќе време во затворен простор, што доведува до помалку изложување на сонце, односно пониски нивоа на витамин D.

- Реклама -