Пет пара чевли кои секоја девојка треба да ги поседува

Жените во просек имаат по околу 20 пара чевли, од кои само пет им се навистина потребни. Еве кои се тие:

Мокасинки

Со оглед на тоа што балетанките уште од почетокот на оваа година излегоа од мода, се чини дека мокасинките успешно го „заземаа“ нивниот трон. Тие се одлична и удобна комбинација за на работа, па дури и за дневни или ноќни прошетки, која освен што добро изгледа со фустан и здолнниште, прилега совршено на тесни или класични пантолони.

tumblr_m6ifsqeUwM1qhzv6oo1_500_large_largefac6aa174c402d9ee726d73ac3d4bcf6tumblr_mjctk8sqIy1r4b3heo1_500

Римјанки

Неспорен е фактот дека античките жени имале одично чувство за мода. Па така, римјанките со древен изглед прилегаат совршено на сечие стапало. Одличен избор за дневните, а со правилна комбинација, и за ноќните прошетки.

e920b0d0635c502ab20efa862c5eccbfefa2c692716ced1f438a7f34ad841136 4f183e2ee8e036bfab46f18fb633b5aa

Патики

Голем број на девојки и жени толку ретко имаат прилика да се облечат во спортска комбинација, што немаат ниту еден чифт патики во ормарот. Но, не ретко се наоѓа ситуација кога е потребно да се одработи одредена активност за која ова парче гардероба е неопходен детаљ. Задолжителни за вежбање, долги прошетки, трчање, излет во природа…

fdae585b46731f5c1f0507844d429c47 1521c8ff548786da81f33ec8856c7f4b b279aebbb4afd7cea4e5244653417067

Чизми

Во студените и зимски денови, како и во есенските, неопходни ви се едни убави, и по можност кожни чизми, кои освен што ќе ве заштитат од влажното време, ќе ви пружат комфорт и топлина во неиздржливо студените денови. Впрочем, тие изгледаат тотално шик и се лесни за комбинирање со речиси секаква „кежуал“ комбинација.

f2ee5130227b2fc11b2856c876369d79 77b6bf0f8786ee43c9c7018f94b972f3 c0bf4592c705043232bcf838adb1d1a9

Елегантни високи потпетици

Во просек, најмалку два пати во годината се случува да треба да присуствуваме на некој важен настан каде не може а да не изгледаме беспрекорно елегантни. Во ваквите моменти, задолжителен „аксесоар“ се високите потпеици, кои секоја девојка мора да ги поседува во ормарот, барем во еден примерок.

2d259a861235f44f6acfab59ad9eb9e6 4c0d4c63c90af21500ce2f68e5188eec e322927b54a5fa6dfaef0d3cc0828029

- Реклама -